Сава Радиќ – Струга ТЛ: Сега ние сме во предност, оваа шанса не смее да се испушти!

239

Струга ТЛ во вторник на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид, вториот дуел од двомечот во 1.квалификациско коло во ЛШ со Жалгирис го започнува со одлични 0:0, исход “заработен“ во Вилнус. Значи на нашиот шампион му е потребна било каква победа, може и реми па во продолженијата или по пенал – серијата да дојде до фантастичен успех. До пласман во втората рунда од квалификации во ЛШ и до мега – спектакл со Галатасарај. Се разбира и до пласман најмалку до плеј-офот во ЛК, како и до заработка на огромна сума на пари.

Ова е голем момент за нас, за клубот, за градот, за македонскиот фудбал и пред се за нас играчите. Да не говорам што значи наш триумф над Жалгирис. По оние 0:0 од Вилнус сега ние сме во мала предност, играме пред нашите фанови, очекувам голема поддршка, затоа велам дека оваа шанса не смее да се испушти“ вели за „Спортмедиа“, Сава Радиќ, дефанзивецот на Струга ТЛ кој на првиот меч во Вилнус беше играч на натпреварот.May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text

Сепак интернационалецот од Србија предупредува дека мора да се биде внимателен:

Секако дека ќе биде тешко, уште потешко од првиот меч. Без разлика што ние во целост покажавме дека сме добра, квалитетна екипа, шампион на Македонија, но верувајте дека Жалгирис не е воопшто наивна екипа. Не смее да има залетување, нема потреба да тргнеме во напад уште од 1.минута. Треба да бидеме мудри, да одиграме тактички перфектно како на првиот меч и да си ја чекаме нашата шанса, а таа ќе дојде во секој случај. Мора да се биде внимателен, не смее да има непотребни грешки. Секој детал ќе решава. Јас сум оптимистм верувам во нашиот тим, верувам дека можеме да дојдеме до двомеч со гигантот Галатасарај“.

May be an image of 5 people, people playing soccer, people playing football and text that says 'LNIUS RADIC 55 VILUS ANSP KIM LUM B U 11 TRIM'

Радиќ важи за од најборбениот фудбалер на нашиот шампион. Секогаш го остава срцето на терен, без разлика дали се игра пријателски меч или пак квалификациски во ЛШ. Она што го одигра во Вилнус, толку ги изнервира домашните фанови по што тие почнаа од гнев да му свират:

Таков сум, јас така го сфаќам фудбалот. Тоа е борба, кога ќе влезам на терен мое е да го дадам максимумот и се ќе сторам мојот тим да дојде до подобар резултат. А за тоа со фановите на Жалгиртис? Да, слушнав, но тоа е нивна работа. Мојата е Струга ТЛ да дојде до позитивен резултат, само тоа ме интересира“ заврши Радиќ.

ПретходноГари Медел направи гаф на презентацијата како нов играч на Васко да Гама
СледноИ Јасмин Мециновиќ потпиша за Беса