Македонската младинска кошаркарска репрезентација е на победа до остварување на големиот сон – пласман во А Дивизија. Избраниците на Никола Василев денеска (18:30 часот) ќе ги одмерат силите против Украина, победникот од оваа пресметка ќе се пласира во финалето и на тој начин веќе ќе биде промовиран за учесник за следното Европско првенство во елитната „А“ Дивизија.
Нашите момци се мотивирани, тоа го покажаа уште еднаш на вчерашната средба против Велика Британија која ја совладаа без проблем. Украина до полуфиналето дојде на сметка на Холандија, беше убедлива со 67-48.
Мечот меѓу Македонија и Украина се игра во “Борис Трајковски” а нашите кошаркари посакуваат максимална поддршка на патот кон пласманот во финалето.
Доколку денеска не успеат да се пласираат во финалето, во тој случај ќе мора да завршат на третото место во А дивизијата.
Оваа генерација практично е нашата иднина, дел од овие момци полека, но сигурно треба да влезат со сениорскиот тим и за некоја година да прераснат во лидери. Теодор Симиќ веќе е заедно со нашиот најдобар национален состав, но по ова ЕП „Б“ Дивизија, дел од момците веќе испратија порака до селекторот, Александар Јончевски дека може сериозно да размислува и да ги стави на потесниот список.