Брдаровски бил нападнат од „Комити“ среде тренинг!

15367

Во денови кога од Вардар доаѓаат убави вести и полека тимот почнува да прави важни чекори во обидот да се врати организациски на старите патеки, доаѓа една неубава информација.

На последниот тренинг на „црвено-црните“ пред заминувањето за Златибор дошло до инцидент.

Според „sportmania.al„ Владица Брдаровски бил нападнат од навивачи на „Комитите“. Овој медиум отриква еден од главните навивачи влегол на тренингот на фудбалерите на Вардар и го удрил Брдаровски бидејќи десниот дефанзивец во последните години го носел дресот на Шкупи.

Останува да видиме дали Вардар ќе се огласи, дали навистина се случил ваков инцидент, дали се дозволило дел од навивачите да се пресметуваат со играчите кои и во тешките денови се обидуваат да го вратат „црвениот-црниот“ тим на ниво погоре.

ПретходноИ Украина на „колена“: Младинците заверија финале и место во „А“ Дивизија (ФОТО)
СледноГостивар потпиша нов Американец и го завери Митевски!