Ван Дер Сар од Сплит префрлен во Холандија

214

Легендарниот холандски голман Едвин Ван Дер Сар полека се опоравува од крварењето на мозокот кое што му се случи на 8 јули додека беше на летување во Хрватска.
Се досега тој се наоѓање на интензивна нега во болницата во Сплит, а откако е констатирано дека тој може да го поднесе физички транспортот до Холандија, пренесен е во татковината за натамошно лекување.

Неговиот агент изјави за јавноста дека здравствената состојба на Ван Дер Сар сеуште е комолицирана и бара сериозна рехабилитација, но дека тој не е во животна опасност. Тој полека ги враќал нормалните фунцкии на телото и комуницирал нормално.

 

ПретходноАјакс во последните седум сезони заработил 632 милиони евра од продажба на играчи
СледноНикола Секулов е нов играч на Кремонезе