Младинската машка кошаркарска репрезентација на Македонија обезбеди пласман во „А“ Дивизија и ќе игра во финалето на Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје.
Генерацијата која треба да ги наследи своите идоли во сениорскиот тим во сите денови на овој шампионат го покажа најважното: храброст, мотивираност, боребеност за секоја топка, се во име на својата држава.
Секој на свој начин даде голем придонес во овие убави кошаркарски денови во Скопје, а на нив не можеа да оддолеат ниту двете имиња кои се синоним за максимално залагање на теренот, браќата близнаци Војдан и Дамјан. Тие денеска беа во СЦ „Борис Трајковски“, им дадоа поддршка на своите наследници, а сигурни сме дека беа и тоа како задоволни од она што го видоа на теренот.
Нашите младинци утре играат финале, а таму ќе играат против подобриот од мечот меѓу Шведска и Чешка.