Довчерашниот кошаркар на Партизан, Данте Егзум ќе ја продолжи кариерата во НБА лигата, поточно во тимот на Далас Маверикс. Тој потпишал двегодишен договор вреден 6,1 милион долари, а според пишувањата на ЕСПН, само првата година е загарантирана односно три милиони долари.
Минатата сезона Егзум одигра 38 натпревари за Партизан во Евролигата со просек од 13,2 поени, 2,3 скокови и 2,7 асистенции. Пред Партизан, Егзум играше за Барселона.
View this post on Instagram