Добринко Илиевски е нов тренер на второлигашот Осогово

996

Некогашниот селектор на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Добринко Илиевски, денеска е претставен како нов тренер на повратникот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Осогово од Кочани.

Илиевски ќе го преземе кормилото на кочанскиот тим од Аксентиев, кој претходно го напушти кормилото. По две сезони во третолигашкото друштво, Осогово успеа низ бараж и ждрепка за пополнување на ВМФЛ да се врати во второлигигашкото друштво каде со Илиевски ќе се обиде да изгради добар и квалитетен тим.

ПретходноМаркета Вондроушова е новата шампионка на Вимблдон
СледноРаботнички заминува за Словенија, договорени тестови со Трабзон и Ал-Етифак