Интер Мајами се пофали: „Си, мучачос“ – Меси е тука (ФОТО+ВИДЕО)

157

Лионел Меси и официјално стана член на Интер Мајами. Аргентинецот веќе неколку дена е во Мајами со семејството. Се чекаше да стави потпис на договорот, а денеска конечно тоа се случи.

Доаѓањето на еден од најдобрите на сите времиња сигурно ќе му донесе многу на тимот од Мајами, но ќе ја зголеми и популарноста на самата МЛС.

Очекувано, Меси во својот нов тим ќе го носи дресот со број 10. Би било големо изненадување доколку некој друг може да го добие покрај него.

ПретходноВојдан и Дамјан на трибините во „Борис Трајковски“ – секогаш за Македонија!
СледноНикола Миротиќ се договори со Партизан!