Олимпик Марсеј го објави третиот трансфер ова лето. Прво го откупи договорот на офанзивниот играч за врска Руслан Малновски од Аталанта за 10 милиони евра, потоа го откупи францускиот играч од средниот ред Амин Харит од Шалке за 5 милиони, па ги купи дефанзивниот играч за врска Жофри Кондогбија од Атлетико за 8 милиони, а вчера за 13 милиони евра го откупи договорот на Ренан Лоди од Атлетико Мадрид.
Бразилскиот фудбалер игра на позицијата лев бек и ќе го замени Сеад Колашинац кој замина во Аталанта. Тој потпиша договор со 2028 година.
Поранешниот европски шампион има во план уште неколку играчи. Меѓу нив е напаѓачот на Шефилд Јунајтед, Илман Ндиаје кој би требало да го замени Луис Суарез кој ова лето отиде во Алмерија. На списокот на потенцијални засилувања на Марсеј е и крилниот играч Тиери Кореа од Валенсија.
Инаку Марсеј ова лето го напуштија уште Арек Милик кој се врати во Италија (Јувентус), Немања Радоњиќ, Колашинац, Стротман, Алексис Санчез.