Македонецот со италијански пасош, Никола Секулов ја заврши својата епизода во тимот на Јувентус и одсега ќе биде член на тимот на Кремонезе. Некогаш македонскиот младински репрезентативец кој одлучи да настапува за Италија, беше дел од Јуентус неколку години но не доби шанса во првиот тим, туку претежно настапуваше за У23 екипата.
Се работи за клуб кој е дел од Серија Б, и каде што Секулов реално ќе има можност за далеку поголема минутажа.
Инаку тој својот фудбалски пат го започна во Пјаченца, пред да премине во Парма, а потоа како сериозен потенцијал премина во Јувентус.
Беше дел од нашите младински селекции до 17. односно 19. години но потоа се реши да настапува за Италија.