Македонските двојки на првиот ден на Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години не успеаја да остварат ниту една победа. На теренот на СЦ „Џексон“ во Штип, во премиерните настапи нашите комбинации во машка и во женска конкуренција беа поразени.
Кај мажите Кирил Глаев и Давид Киров загубија во два сета 2:0 (21:3, 21:8) од турската комбинација Куру/Курт. Вториот наш пар, Трајче Барбареев и Тоше Ефремов беа поразени во првиот меч во групата од романската двојка Болдис/Бребан исто така во два сета.
Кај девојките, Мила Вакувска и Добрина Хаџи Тосева беа поразени во два сета од турската двојка Аксој/Демиркиран 2:0 (21:18, 21:13), додека Моника Костовска и Стефанија Кипријановска загубија од Хододи/Миу од Романија со 2:0 (21:7, 21:9).