Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер на социјалната мрежа „Твитер“ објави дека тренерот Ерик тен Хаг му ја зел капитенската лента. Таква одлука е донесена по разговорот со Тен Хаг уште пред неколку денови. Тренерот му кажал дека лентата на тимот ќе ја носи играч кој тој ќе го избере, а не по избор направен од играчите.
Самиот Мегваер изрази разочарување, но и покрај тоа им се заблагодари на фановите за поддршката и објасни дека ќе продолжи да дава се од себе на тренот. Централниот бек го загуби првотимскиот статус минатата сезона и запиша едвај осум натпревари како стартер во Премиер лигата.
„Разговарав со менаџерот на тимот и тој ме извести дека одлучил да го смени капитенот. Ми ги наведе причините зошто и иако лично сум крајно разочаран, ќе продолжам да давам максимум секогаш кога ќе го носам дресот.
Сакав да им се заблагодарам на навивачите на Манчестер Јунајтед за целата нивна брилијантна поддршка додека ја носеа лентата. Од денот кога ја презедов оваа улога пред три и пол години, беше огромна привилегија да го водам Манчестер Јунајтед, но и еден од најгордите моменти во мојата кариера до сега. Направив се што е во моја моќ за да му помогнам на Јунајтед да постигне успех – на и надвор од теренот.
Секогаш ќе му бидам благодарен на Оле Гунар Солскјаер што прво ми ја даде оваа одговорност и му посакувам успех на оној што сега ќе ја преземе и ќе ја има мојата целосна поддршка“, напиша Мегваер.