Хенес: Тотенхем мора да попушти и да ја каже цената за Кејн

232

Тимот на БАерн Минхен отворено кажа дека има намера летово во своите редови да го донесе Хери Кејн. Репрезентативецот на Англија и член на Тотенхем, и самиот најави дека не би имал ништо против да дојде во Баварија, па дури ги договори и личните услови со Баерн. Сепак, Тотенхем е клуб кој е познат по тврдиот начин на преговарање кога станува збор за трансферите, момент кој се појавува и во случајот со Кејн.

Па така, легендата на Баерн и во моментов членот на управниот одбор на клубот, Ули Хенес го даде своето мислење по ова прашање.

„Имаме редовен контакт со Кејн преку Румениге. Тотенхем од друга страна ќе мора да ја каже цената, и да се помири со тоа. Хари Кејн многу јасно ни сигнализираше дека одлучил за својата иднина . Мислам дека таков клуб не може без 80-90 милиони евра или каква и да е цената“, изјави Хонес, цитиран од Спорт 1.

ПретходноГрабул со уште една титула првак на Македонија
СледноЛиваковиќ е нов голман на Фенербахче