Алкараз се разигра, Новак пред пораз на Вимблдон

455

Во моментов се игра финалето на Вимблдон, а за титулата се борат Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ. Шпанецот е пред победа затоа што води со 2-1.

Искусниот српски тениски ас убедливо го доби првиот сет со 6-1, следуваше жестока борба во вториот сет во кој младиот шпански тенисер имаше среќа и го доби во тај-брејкот со 7-6. Во третиот се разигра и се му одеше од рака и тоа го покажа резултатот кој гласеше 6-1.

Алкараз води со 2-1 и му треба уште еден сет за да го добие дуелот и да го крене трофејот на Вимблдон. Ќе видиме ли сензација на Вимблдон или нов трофеј за Новак?

ПретходноВлатко Андоновски: Да се биде дел од СП е најголемата награда во фудбалот
СледноКонечно: Тетово добива модерен, европски стадион!