Во вторник од 17 часот на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид закажан е реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и тоа меѓу Струга ТЛ и Жалгирис.
Во пресрет на вторите 90 минути од овој двомеч, секако дека сега шансите се на страната на нашиот шампион, кој во вторникот во Вилнус, на првиот меч одигра 0:0.
За пласман понатаму секако дека се потребни голови, или еден гол за победа од 1:0, а за головите е задолжен а кој друг ако не “бомбардерот“ Бесарт Ибраими, кој го “брка“ својот 20-ти гол на евро сцената.
“Мораме да бидеме свесни дека играме против една силна екипа. Не смее да не фаќа еуфорија по тој прв меч кога одигравме навистина добро и успеавме да дојдеме до 0:0. Сега Струга ТЛ треба да биде мудра, паметна, секоја своја шанса максимално да ја искористи. Играме пред својата публика, очекувам поддршка и очекувам и посакувам победа и наш пласман во следната фаза. Ќе бидам пресреќен ако постигнам гол, но сега не е важно кој ќе биде стрелец за Струга ТЛ, нека постигне било кој само ние да победиме“ изјави за “Спортмедиа“ Бесарт Ибраими.