БП во одбојка на песок: Македонија без победа, вечерва битка за медали

235

Македонските двојки останаа без шанса да се борат за пласман во нокаут-фазата на Балканското првенство во одбојка на плажа за играчи до 22 години, кое денеска завршува во Штип. По вчерашните завршни борби во групната фаза, ниту еден од нашите парови во машка или во женска конкуренција не успеа да избори победа, па поради тоа останаа на дното на табелите во групите и тука ги завршија натпреварите.

Кај мажите, Галев и Киров вчера загубија со 0:2 (6:21, 12:21) од романската комбинација Антон/Танасе, а потоа и од Томиќ/Лобода од Србија со 0:2 (5:21, 8:21). Ништо подобро не минаа и Барбареев и Ефремов кои исто така претрпеа два порази.

Кај дамите, Вакувска и Хаџи Тосева со 0:2 (18:21, 9:21) загубија од Крокос/Данилоаиа од Романија, а потоа беа поразени и од Балаќ/Јолдиќ од Србија со 0:2 (5:21, 8:21). Вториот наш пар, Костовска и Кипријановска со 0:2 (9:21, 5:21) загубија од Јашари/Авдулаху од Косово, па загубија и од туската комбинација Гур/Сајар со 2:0 (21:4, 21:5).

Попладнево треба да се комплетираат четвртфиналните и полуфиналните дуели во двете конкуренции, по што следуваат финалните дуели и мечевите за бронзените медали. Според распоредот женското финале е во 18.30 часот, додека машкото финале е закажано за 20.10 часот.

ПретходноЛеброн го промени бројот на дресот
СледноЦрвена Звезда ја најде замената за Кампацо