Душан Влаховиќ го напушта Јувентус. 23-годишниот српски напаѓач ќе стане член на ПСЖ, тој веќе ги има договорено сите детали, а торинскиот гигант ќе заработи 90 милиони евра заедно со бонуси.
Влаховиќ со францускиот првак договорил петгодишна соработка вредна десет милиони евра по сезона.
Во редовите на Јувентус дојде од Фиорентина за 80 милиони евра, но беше далеку од препознатливата форма. На 63 одиграни натпревари за „Старата дама“ постигна 23 гола и шест асистенции, за многумина малку особено за фудбалер за кого е платена голема сума на пари.