Екипата на Вардар и официјално предмалку го претстави Владица Брдаровски како свој нов член. Десниот бек се враќа во клубот со кој ги постигна најголемите успеси, играше во групната фаза од Лигата на Европа, и освојуваше титули во домашниот шампионат.
Сега, Брдаровски повторно се враќа во „црвено – црниот“ табор во многу специфичен момент, кога клубот исбори пласман во ПМФЛ шампионатот, но има сериозни проблеми на организациски план.
Вардар во моментов е на подготовки на Златибор каде што ќе го одработи главниот дел пред стартот на шампионатот.