Судот во Лондон донесе ослободителна пресуда за Бенџамин Менди за обвиненијата за шест силувања и еден обид, кои наводно се случиле во октомбри 2018 и 2020 година во неговата вила во околината на Манчестер. Менди на кого договорот со Манчестер Сити му заврши на почетокот на овој месец за време на читањето на пресудата не успеа да ги задржи солзите.
По оваа одлука порака за поддршка му испрати ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.
„Многу ми е жал поради сето она што го помина. Изгуби две години од кариерата, но тоа е најмал пробел во овој момент. Што е со психолошката штета? Твојот живот сигурно нема да биде ист. рно е дека вашиот живот никогаш нема да биди повторно ист. Културата на уништување на еден углед однесе една жртва. До кога ќе бидеме обвинувани и осудувани без да имаме право на основна одбрана?“ напиша Винисиус и продолжи:
„Лаѓните вести се креатори на се и истите брзо се шират без да се проверат (и јас го имам почувствувано тоа), а ситуацијата само станува полоша. Да се биде одговорен треба да биде минимум за секој професионалец, но сериозниот бизнис денес стана исклучок. Нема пречки да се соберат толку многу кликови и реакција. Моето прашање е што ќе се направи за да се поправи оваа штета?“.