Влатко Андоновски: Да се биде дел од СП е најголемата награда во фудбалот

307

Од 20 јули па до 20 август во Австралија и Нов Зеланд ќе се одржи женското Светско првенство во фудбал. Бранител на трофејот се Соединетите Американски Држави кои четири пати ја креваа титулата во историјата. Сега ќе го бранат тронот со селектор од Македонија – Влатко Андоновски.
Нашиот стручњак во 2019 година ја презема селекцијата на САД и ја освои титулата во КОНКАКАФ зоната во 2022 година и бронзениот медал на Олимпијадата 2020.
Американките отвораат со Виетнам, а ќе играат уште со Холандија и со Португалија во групната фаза.

Самата помисла дека сте дел од Мундијалот, дека водите тим на Мундијал, дека се борите за најголемата награда во фудбалот, тоа е нешто немерливо. Притисокот секогаш е присутен и тој нема да исчезне. Кога притисокот е од внатре, тогаш се трудам да ја дадам најдобрата верзија од мене и да го подготвам тимот да биде најдобар што може. “, вели Андоновски.

Андоновски направи реконструкција па 14 од 23 избранички се за првпат во ростерот за СП.
„Сакавме да го освежиме тимот, да внесеме млада крв. Идејата е да донесеме фудбалерки кои се малку повеќе енергични и ентузијасти но исто така не сакавме да го изгубиме искуството и квалитетот од искусните фудбалерки“, додаде македонскиот тренер.

САД се потпре на ветеранките Алиса Нехер, Кели О’Хара, Џули Ерц, Алекс Морган и Меган Рапино.

ПретходноРивер со рекордна титула во Аргентина
СледноАлкараз се разигра, Новак пред пораз на Вимблдон