Време е за финале и за реванш: Младинците по круната за бајковит финиш!

261

Македонија овие денови испиша убава кошаркарска приказна, која на сите љубители на овој спорт им влеа надеж дека сепак имаме иднина. Можеби паузата меѓу генерации беше голема, но нема подобро чувство кога на дело ќе видиш дека допрва доаѓаат момци кои се гладни за успех, за победи, мотивирани до небо – со една цел, да го направат сите Македонци горди.

Селекторот Никола Василев и неговите „мускетари“ вечерва (21 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ треба да го крунисаат одличното издание на Европското првенство „Б“ Дивизија. Откако обезбедија место во „А“ Дивизија, останува да се победи финалето, пехарот да остане во Скопје.

На патот до ова остварување го имаат составот на Чешка. Станува збор за добро познат противник со кого се сретнаа на стартот на ЕП „Б“ Дивизија, поточно во групната фаза. Оваа репрезентација им го нанесе единствениот пораз, беа совладани со 80-75, но не и надиграни.

Шансите за триумф се еднакви на двете страни, со тоа што младинците ќе имаат поддршка на трибините, како и на сите претходни мечеви, можеби денеска таа ќе биде побројна, бидејќи со своите игри го привлекоа вниманието на македонската јавност.

ПретходноВлаховиќ го напушта Јувентус и прави трансфер за паметење
СледноОва се рекордите кои Новак Ѓоковиќ може да ги урне денеска