Српскиот фудбалер Душан Тадиќ донесе одлука. Тој пристигна во Истанбул на преговори со Фенербахче.
Оваа информација ја потврдија од клубот, што пак е пракса на тамошните тимови кога трансферот е пред самиот крај.
„Фудбалерот Душан Тадиќ доаѓа да преговара со нашиот клуб“, напишаа на Твитер од Фенер.
Тадиќ одлучи да ги одбие милионите од Саудиска Арабија и да игра квалитетен фудбал и во следната сезона. Според информациите тој треба да потпише двегодишен договор.
Dušan Tadić now landing in Instabul to finalize his move to Fenerbahçe 🟡🔵
He wants to continue in Europe despite 2 year deal proposal from Saudi. pic.twitter.com/s0fmQsjiU7
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 15, 2023