И конечно, ако ги видиме последните најави од градските власти во Тетово, но и од газдата на Шкендија, Лазим Дестани.
Имено градот под Шара наскоро ќе добие модерен, европски стадион. Најавите се дека Шкендија ова лето за последен пат своите европски мечеви ќе ги игра на Арената во Скопје, а од наредната ќе ги игра на стадионот во Тетово.
Планот е со детална реконструкција, на некогаш најмодерниот стадион во Македонија, да се започне некаде во октомври.
Се разбира дека ова се најави, дали истите ќе се остварат, е тоа останува да се види.
Градоначалникот Билал Касами на својот ФБ профил постираше видео со моменти од стадионот со наслов – наскоро. Од друга страна Дестани, газдата на „Еколог“, на средбата со првата генерација на играчи на Шкендија, пред неколку дена, посочи дека време е клубот да добие нов, модерен, свропски стадион.
Да потсетиме дека сегашниот Градски стадион во Тетово беше пуштен во употреба во 1981 година, значи пред 42 години. Тогаш Тетекс своите ривали во Првата лига на екс-СФРЈ, како Вардар, Партизан, Ц. Звезда, Динамо, Хајдук…ги пречекуваше на овој стадион кој тогаш беше стадион – убавец. Но за повеќе од четири децении, освен теренот кој во неколку наврати беше реконструиран, ни шајка не е закована.
Жалосно.
Да се надеваме дека овие најнови најави од Тетово се вистински и градот кој може да се пофали со бројни титули во ПМФЛ и Купот на Македонија, кои во изминатите децении во самостојна Македонија ги освоија Шкендија, Ренова, Тетекс, ќе добие фудбалски храм каков што заслужува.