Леброн Џејмс во новата НБА сезона не само што нема да се пензионира туку ќе се обиде со Лејкерси да стигне до титулата. Сепак, тоа нема да го прави со неговиот досегашен број на дресот, 6, туку со 23 на грбот.
Причината за тоа е одлуката на НБА лигата која објави дека бројот „6“ го става во мирување и никој не смее повеќе да го носи во чест на легендата Бил Расел.
Па така, Леброн ќе се врати на неговиот број од минатото 23. кој го носеше на почетокот на својата кариера.