Досегашниот голман на тимот на Динамо Загреб, и чувар на мрежата на репрезентацијата на Хрватска, Доминик Ливаковиќ е нов член на тимот на Фенербахче.
Во трансфер вреден девет милиони евра Ливаковиќ заминува во Истанбул, каде што веќе денеска треба да биде промовиран Душан Тадиќ, репрезентативецот на Србија.
Ливаковиќ го прави првиот сериозен трансфер во кариерата, откако реално и го достигна врвот во дресот на Динамо, па нормално е да бара нов предизвик.