Раководството на Пари Сен Жермен во соработка со новиот тренер Луис Енрике направи список од десет имиња на фудбалери кои клубот ќе направи се за да ги продаде до крајот на летото, пренесува „Ле Паризиен“.
На овој начин газдите на ПСЖ ќе се обидат да заштедат ни помалку ни повеќе туку 60 милиони евра само за плати.
На листата на непотребни се најдоа аргентинскиот играч од средниот ред Леандро Паредес, германскиот играч за врска Јулијан Дракслер, холандскиот играч за врска Џини Вајналдум, голманот Кејлор Навас, француските дефанзивци Колен Дагба, Левен Курзава и Ел-Шадаи Битишабу, сенегалскиот дефанзивец Абу Диало, како и Икарди и младиот Екитике.