Шпанскиот напаѓач Алваро Мората ќе го напушти Атлетико Мадрид и ќе ја засили Рома во новата сезона, тврди „Кориере дело Спорт“. Напаѓачот и покрај тоа што неодамна го продолжи договорот се согласил да премине во римскиот клуб и ќе потпише четиригодишен договор. Во договорот меѓу Мората и Атлетико има откупна клаузула од 12 милиони евра што ќе ја активира Рома.
Мората ќе заработува по 4,5 милиони евра годишно во римскиот клуб и уште половина милион во бонуси.
Мората веќе играше во Италија и тоа за Јувентус од 2014 до 2016 година и потоа како позајмен во истиот клуб од 2020 до 2022 година. Инаку почна во Реал Мадрид, беше и во Челзи, а од 2019 година во Атлетико.