Ова се рекордите кои Новак Ѓоковиќ може да ги урне денеска

424

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз денеска (15 часот) ќе се сретнат во финалето на Вимблдон за титулата најдобар на најпознатиот тениски турнир. Српскиот тенисер може да собори голем број рекорди.

Победникот од мечот следната недела ќе стартува како најдобар тенисер на АТП ранг-листата и ќе го зголеми бројот на освоени Грен слем титули. Доколку Алкараз победи, тоа ќе биде втора ваква титула за шпанскиот тенисер, победник на УС Опен во 2022 година, додека Ѓоковиќ би продолжил да ги поместува границите со титулата.

Српскиот тенисер веќе е рекордер по бројот на освоени титули во ГС, а евентуален триумф на Вимблдон би бил негова 24. ваква титула. Рафаел Надал има 22, а Роџер Федерер 20. Доколку успее да ја освои 24. Грен слем титула, Ѓоковиќ ќе го израмни апсолутниот тениски рекорд. Маргарет Корт освоила исто толку од нив, во периодот од 1960 до 1973 година.

Понатаму, Ѓоковиќ ќе игра против 15 години и 348 дена помлад тенисер во своето 35. гренд слем финале со што ќе испише нова исторја. Тој во моментов е изедначен со Крис Еверт кој има 34 настапи во мечеви за ГС титули.

Доколку го победи Алкараз ќе се изедначи по бројот на титули на Вимблдон со Федерер. Легендарниот Швајцарец осум пати славеше. Исто така, Ѓоковиќ, роден на 22 мај 1987 година, би можел да го собори рекордот на Федерер и да стане најстар со титулата таму.

Победата му носи рекордна 390-та недела на врвот на АТП-листата.

ПретходноВреме е за финале и за реванш: Младинците по круната за бајковит финиш!
СледноФановите го кажаа своето: Теодор Симиќ води убедливо во трката за МВП