Онана до среда мора да потпише за Манчестер Ј. за да замине на турнејата во САД

165

Манчестер Јунајтед ќе го заврши договорот за потписот на Андре Онана во следните 24 часа, објави „TalkSport“. Голманот набрзо ќе заврши со Интер за да може да се приклучи во тимот на Јунајтед кој заминува на турнеја во САД.

Откако Онана ќе парафира, Тен Хаг веднаш ќе го продаде Дин Хендерсон во Нотингем Форест.

Интер и Манчестер Јунајтед се многу блиску до финализирање на трансферната сума со личните услови кои треба да се договорат. Онана треба да потпише петгодишен договор и во среда ќе одлета за Њујорк со тимот на „црвените ѓаволи“ доколку навреме ги заврши медицинските прегледи.

ПретходноЛуис Енрике подготви список за бркање: ПСЖ мора да продаде 10 фудбалери!
Следно„Кориере“ тврди дека Лукаку уште во март почнал да се договара со Јувентус