Ривер со рекордна титула во Аргентина

160

Ривер Плејт ја освои рекордната 38. титула во Аргентина. Големиот нивен соперник од Буенос Ајрес – Бока Јуниорс не успеа да ја одбрани титулата и во моментов е на деветтата позиција.
На две кола пред крајот Ривер, предводен од Мартин Демикелис е недостижен на врвот по победата над Естудијантес со 3:1. Ривер има 58 поени, а вториот Талерес Кордоба е со 48 поени.
За Демикелис, кој беше играч на Ривер, ја освои првата шампионска титула во првата сезона како тренер во машкиот фудбал. Претходно екс-фудбалерот на Сити и Баерн и поранешен аргентински репрезентативец работеше во младинските школи на Баерн.

ПретходноГерманија има проблем пред Мундобаскетот: Шрудер и Клебер се во кавга!
СледноВлатко Андоновски: Да се биде дел од СП е најголемата награда во фудбалот