РК Алкалоид, кој во новата сезона ќе игра за првпат во својата историја и во Европа, во Европската лига, во целост го изготви планот за тоа како и каде екипата ќе се подготвува за сезоната 2023/24.
Имено познато е дека тимот на стратегот Кирил Лазаров, кон крајот на август ќе учествува на Струшкиот турнир, а потоа формата за евро дебито ќе ја темпира во Хрватска.
А таму, во Загреб, ќе одигра неколку пријателски мечеви и тоа со Загреб, Нексе, Сесвете, словенечката Добова.
Да споменеме дека стартот на подготовките е закажан за 24 јули, потоа се оди во Маврово каде што ќе се одработи првата фаза од подготовките.
Секако дека сите во клубот со нетрпение го чекаат 21 јули кога ќе се одржи ждрепката за Европската лига кога стартува во октомври.