Страшна порака од Париз: Влаховиќ, ако дојдеш, ќе ти отсечеме три прста! (ФОТО)

6690

Се поизвесно е дека Килијан Мбапе ќе си оди од ПСЖ, а како негов наследник се споменува Душан Влаховиќ, за кого се заинтересирани уште неколку клубови.

Сепак се чини во Париз не го чека којзнае каков пречек Србинот. Имено пред самиот стадион “Паркот на Принцовите“, неколку лица, веројатно фанови на ПСЖ, истакнаа страшен транспарент на кој пишува:

Влаховиќ, ако дојдеш во Париз, ќе ти отсечеме три прста! Париз и Приштина светски и горди!

Е сега оваа порака може да се сфати сосема поинаку, ако веќе се споменува Приштина.

Инаку Влаховиќ е познат по тоа што своите голови ги прославува со подигање на три прста.

Image

Image

ПретходноИнтер Мајами го потврди и Серхио Бускетс!
СледноКолумбиецот си замина од Јувентус, па се пресели во Милано