Трофејот каде што му е местото, во рацете на Стефан и во витрините на Динамо

191

Тимот на Динамо Загреб синоќа на домашен терен, на својот Максимир, успеа да го освои првиот трофеј во новата сезона, откако во хрватскиот Супер куп го совлада вечниот ривал, Хајдук Сплит со минимални 1:0.

Нашиот репрезентативен капитен, Стефан Ристовски нормално имаше голема улога во овој триумф, а како сериозен авторитет во оваа екипа на Динамо Загреб, еден од првите го подигна и освоениот пехар.

„Останува онаку каде што му е местото“ – ваков опис ставија од Динамо за оваа фотографија на која Ристовски со сласт се радува на заслужениот трофеј.

 

ПретходноФановите го кажаа своето: Теодор Симиќ води убедливо во трката за МВП
СледноВардар и официјално го претстави Брдаровски