Вардар и официјално го претстави Брдаровски

706

Екипата на Вардар и официјално предмалку го претстави Владица Брдаровски како свој нов член. Десниот бек се враќа во клубот со кој ги постигна најголемите успеси, играше во групната фаза од Лигата на Европа, и освојуваше титули во домашниот шампионат.

Сега, Брдаровски повторно се враќа во „црвено – црниот“ табор во многу специфичен момент, кога клубот исбори пласман во ПМФЛ шампионатот, но има сериозни проблеми на организациски план.

Вардар во моментов е на подготовки на Златибор каде што ќе го одработи главниот дел пред стартот на шампионатот.

ПретходноТрофејот каде што му е местото, во рацете на Стефан и во витрините на Динамо
СледноГрабул со уште една титула првак на Македонија