Димитар Грабул е првак на Македонија за 2023 година и по пауза од шест години повторно ја освои титулата. Воедно ова за Грабул беше финале по пауза од три години и негова вкупно седма титула (2023, 2016, 2015,2014, 2007, 2006, 2003) во 13.то финале од 2001 година.
Грабул во финалето беше поуспешен од Шендрит Деари, кој го играше своето шесто финале, но поради повреда го предаде финалниот меч. Во моментот на прекин Грабул водеше со 1-0 во сетови (61) и 3:0 во вториот сет, кога поради повреда Деари го предаде мечот.
Финалистот Деари повредата на грбот ја доби на вчерашниот полуфинале меч против Стефан Мицов.
До шампионската титула Грабул постигна пет победи: Марко Стоилковски (1.коло), Петар Пројковски (2.коло), Томислав Јотовски (1/4 финале), Иван Манасов (1/2 финале) и Шендрит Деари (финале).