Душко Тадиќ ги одби милионите од С.Арабија, слета во Истанбул!

1073

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ донесе одлука. Тој пристигна во Истанбул на преговори со Фенербахче.

Оваа информација ја потврдија од клубот, што пак е пракса на тамошните тимови кога трансферот е пред самиот крај.

„Фудбалерот Душан Тадиќ доаѓа да преговара со нашиот клуб“, напишаа на Твитер од Фенер.

Тадиќ одлучи да ги одбие милионите од Саудиска Арабија и да игра квалитетен фудбал и во следната сезона. Според информациите тој треба да потпише двегодишен договор.

ПретходноСити и Баерн прават трампа: Гвардиола го сака Павар како замена за Вокер
СледноБекам со прв коментар по комплетирањето на трансферот на Меси!