Златото за Чешка, аплаузите за нашите момци!

962

Македонија го освои второто место на ЕП за играчи до 20 години – Б дивизија. Вечерва во големото финале во салата “Борис Трајковски“ во Скопје, нашите млади репрезентативци беа поразени од Чешка со 72:85.Секако, златото за Чешка, а аплаузите за нашите момци кои одиграа навистина добро ЕП.

No description available.

Со Чешка ова ни беше втор меч на ова ЕП. На стартот бевме поразени со 80-75.

Сега останува нашите момци да жалат за златото, но треба да бидат горди на сите игри на ЕП Б-дивизија и на пласманот во А дивизијата.

Инаку познато беше и пред да се одигра ова финале, дека со пласманот во завршниот меч ние обезбедивме влез во А-дивизијата за наредниот шампионат.

No description available.

А финалето започна многу лошо за нашите момци. Импресионирани дека играат за прво место на ова ЕП, избраниците на селекторот Василев навистина беа надвор од сите посакувања. Се чини и тие самите беа разочарани како ја одиграа првата четвртина која ја загубија со 16:20, исто беше и во вториот период кога Македонија и таа четвртина ја загуби со 10:15. Па така на пауза Чешка замијна со +9 поени.No description available.

Но во “второто полувреме“ на паркетот во салата “Борис Трајковски“ како да излезе некоја друга Македонија. Борбена, полетна и со поддршка од публиката, нашите момци направија пресврт и стигнаа до 26:17, па така со егал се влезе во последниот период.

А таму гостите успеваа некако да се одлепат резултатски, па и да имаат и +4 поени некаде на 6 минути до крајот на средбата. Сепак Македонија не се предаваше, одигра борбено, иако шутот не одеше, сепак резултатски се држеа нашите момци. Иако да кажеме дека нервозата беше присутна, повторно работите не одеа во посакувана насока.No description available.

И кога е така, Чешка на средината од последната четвртина дојде и до +8 поени, 67:59.

А на крајот резултатот гласеше 72:85 за Чешка.

Најефикасни во нашиот табор беа Симиќ со 23 поени и Петков со 14, додека кај победничкиот состав Хустак постигна 17 поени.

ПретходноМората има нов клуб, се враќа во Италија
СледноИнтер Мајами го потврди и Серхио Бускетс!