Откако Интер крена раце од него, белгискиот голгетер Лукаку е на пат за Торино. Интер се откажа од идејата за целосен трансфер на Белгиецот поради неговите преговори со Јувентус, кои сега стана јасно, дека се во завршна фаза.
Според новинарот Мет Лоу, Лукаку ќе се врати во Челзи во вторник, но нема да оди со тимот на претсезонска турнеја низ САД. Тој со семејството и агентите е во постојана врска со Јувентус и чека завршница на трансфер сагата.
„Кориере дело спорт“ тврди дека „Старата Дама“ почнала да работи на потписот на Лукаку уште во март. Напаѓачот привремено се договорил со Јувентус за тригодишен договор со плата од 8 милиони евра годишно.
Сега останува деталите меѓу Јувентус и Челзи да бидат договорени, пред да следува конечното потпишување на договорот.