Леброн го промени бројот на дресот

340

Леброн Џејмс во новата НБА сезона не само што нема да се пензионира туку ќе се обиде со Лејкерси да стигне до титулата. Сепак, тоа нема да го прави со неговиот досегашен број на дресот, 6, туку со 23 на грбот.

Причината за тоа е одлуката на НБА лигата која објави дека бројот „6“ го става во мирување и никој не смее повеќе да го носи во чест на легендата Бил Расел.

Па така, Леброн ќе се врати на неговиот број од минатото 23. кој го носеше на почетокот на својата кариера.

ПретходноЛиваковиќ е нов голман на Фенербахче
СледноБП во одбојка на песок: Македонија без победа, вечерва битка за медали