Попладнево во Банско, екипата на Брера Струмица одигра уште една пријателска средба, овојпат со Теута, тим од Албанија. На крајот, по истекот на 90.минути, резултатот беше 2:2. Значи втор меч за струмичани и второ реми на тековните подготовки во Банско (Бугарија).
Ване Крстевски му донесе водство на тимот на стратегот Валенти. Потоа од два пенали Теута дошла со 1:2, за да Галевски постигнал гол за конечни 2:2.