Владимир Јевтиќ останува во Бутел Скопје

75

Српскиот кружен напаѓач Владимир Јевтиќ и во претстојната сезона ќе ги брани боите на Бутел Скопје. Јевтиќ потпиша нова соработка и одново ќе биде еден од столбовите на одбраната и важните алки во нападот. Тој ги брани боите на Бутел Скопје од 2021 година.

Претходно дојдоа тренерот Горан Кузманоски, како и бековите Марко Стојанов и Лука Иваниќ, голманот Александар Стојаноски и десното крило Дамјан Георгиев. Договорите беа продолжени со бековите Стефан Крстевски, Димитар Ѓоргиевски и Кристијан Давитковски, како и со голманот Бојан Блажески.

ПретходноОдбројувањето почна: Мбапе се враќа на тренинг, но дали ќе патува со ПСЖ во Јапонија?
СледноОхрид в сабота почнува со подготовки и продажба на сезонските билети