Калин со најдобар пласман на АТП листата, голем скок и за Ѓорческа

338

Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски направи голем скок за 39 позиции на АТП листата оваа недела, постигнувајќи го својот најдобар ранкинг во кариерата. На новата АТП листа објавена утрово, Ивановски се најде на 331. место што е најдобар негов пласман во досегашната кариера.

Најголем фактор во вака високиот скок на АТП листата има одличниот негов настап на Челинџер турнирот во Јаши, Романија, каде минатата недела малку недостасуваше да стигне и до самата завршница. Ивановски беше сопрен во четвртфиналето од Канаѓанецот Диаз.

Голем скок на ВТА ранг листата имаше и нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа. Таа со пласманот во полуфиналето на Фјучрсот во Рим каде загуби од Кипранката Сербан успеа да скокне 25 места на ВТА листата и сега да се најде на 224. место.

ПретходноНекогашниот прв човек на Ферари влезе со капитал во Астон Мартин
СледноОдбројувањето почна: Мбапе се враќа на тренинг, но дали ќе патува со ПСЖ во Јапонија?