Ракометарите на Охрид на 22 јули (сабота) и официјално ќе ги започнат подготовките за новата натпреварувачка сезона. Охриѓани во новата сезона влегуваат со надграден состав, нов тренер и сериозни амбиции.
Од клубот најавија дека на 22 јули, стартува и продажбата на сезонски билети за мечевите на ГРК Охрид во Супер лигата и куп натпреварите на кои ќе настапува клубот.
Цената на сезонски билет со кој секој навивач добива и дрес од ГРК Охрид изнесува 2000 денари.