Екипата на Барселона денеска и официјално го претстави Илкај Гундоган како свој нов член. Иако турчинот веќе извесно време е дел од клубот, ете дури денеска е официјално презентиран на јавноста.
„Почестени сме што избра да дојдеш во нашиот клуб – му се обрати претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта. Ти си искусен играч кој постигна голем успех со твојот претходен клуб. Се надевам дека ова ќе продолжи и овде. Ние сме повеќе од среќни, дадовме добра финансиска понуда, но таа не беше најголемата која пристигна на твоја адреса. Сепак, избра да дојдеш во Барселона и тоа многи ни значи“ – изјави Жоан Лапорта на промоцијата на Гундоган.
Gündoğan is culer! 💙❤️ pic.twitter.com/LdRzLdhSQa
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 17, 2023