Тимот на Вардар веќе трет ден како се наоѓа на подготовки во Златибор, а денеска ги стартува и пријателските средби. Од 18:30 се среќава со тимот на Металац. Претходно во Скопје веќе одигра против Тетекс односно Арсими.
Што се однесува пак до засилувањата, од Бразил се очекува да пристигне екс играчот на МЃП Матеус Лемос, а Владица Брдаровски веќе беше претставен. Бразилецот Педрињо исто така е дел од тимот во моментов како и Бенјамин Демир односно Лука Трајкоски.