Новак Ѓоковиќ не успеа да дојде до 24 Грен слем титула во својата богата кариера, откако во финалето на Вимблдон беше поразен од Карлос Алкараз.
Српскиот тенисер не само што остана без трофејот, тој ќе мора да плати казна од 8.000 долари поради испадот кон крајот на дуелот. Ноле ги изгуби живците поради пропуштените шанси во петтиот сет, на крајот настрада рекетот, го удираше во столбот кој ја држи мрежата.
Вимблдон веднаш реагираше и му изрече казна од 6.117 фунти, односно 8.000 долари.