РК Е. Пелистер 2 ја известува јавноста дека нов член на клубот е десниот бек Стефан Трпчевски. 26-годишниот ракометар потекнува од школата на Пелистер и се враќа во Битола по неколку интернационални искуства.
Во претходните неколку сезони играше за шпанскиот Бургос, финскиот БК-46, израелскиот Хапоел Кирјат Оно и грчкиот Фаикас Корфу.
Трпчевски во македонскиот ракомет ги бранеше боите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш.
Новиот ракометар ќе се јави на прозивката на тренерот Михаил Петровски на 24 јули, а официјално ќе биде претставен во август оваа година.