Колумбиецот си замина од Јувентус, па се пресели во Милано

1086

Хуан Куадрадо и следната сезона ќе остане во Италија, но од Торино се сели во Милано. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, 35-годишниот фудбалер ќе потпише едногодишен договор со екипата на Интер. Наводно, двете страни веќе се договориле за условите од договорот, па останува само уште формалното потпишување.

Колумбиецот е слободен играч по заминувањето од Јувентус со кој освои 11 трофеи. Во Серија А минатата сезона, Куадрадо настапи на 31 натпревар и постигна 1 гол.

ПретходноСтрашна порака од Париз: Влаховиќ, ако дојдеш, ќе ти отсечеме три прста! (ФОТО)
СледноГолемо признание: Тео Симиќ во најдобрата петорка на ЕП во Скопје