Ловќен сериозно се засилува за новата сезона во која ќе биде дел од групната фаза во Европската лига. Црногорскиот клуб успеа да го врати Мирко Радовиќ, поранешниот капитен на Пелистер, а сега веќе оди чекор понапред.
На списокот на тим се најде Вуко Борозан. Според тамошните информации Ловќен е на добар пат да го потпише поранешниот играч на Вардар, кој токму по заминувањето од редовите на македонскиот клуб забележа пад во кариерата.
Раководството го врати најтрофејниот тренер Перо Милошевиќ, се вратија Филип Борозан, Лука Вујовиќ, Вук Лакичевиќ, а сега пред портите е Борозан.