Ништо од кам-бекот во Вардар, Дутра останува во С.Арабија!

292

И дефинитивно во новата сезона во составот на Вардар 1961 нема да биде Леонардо Дутра. Иако беше најавено дека бразилскиот ракометар ќе остане меѓу „црвено-црните“ сепак денеска пристигна информација дека тој ќе остане во Саудиска Арабаија.

Дутра ја продолжува авантурата на Блискиот Исток, тој го продолжи договорот со саудискиот клуб Ал Ахли.

Вардар 1961 после долго време се огласи и најави дека сите детали ќе ги сподели во среда на официјална прес-конференција на која Борко Ристовски треба да биде промовиран како извршен директор, додека пак има најави дека Стојанче Стоилов ќе биде покрај клупата, дали како помошник или главен тренер останува да дознаеме за два дена.

Вардар 1961 утре ќе го дознае противникот во последното квалификациско коло за пласман во групната фаза во Европската лига.

ПретходноПријателска: Вардар испушти победа против Металац!
СледноВимблдон го казни Новак Ѓоковиќ